Со посета на нашата веб-страница се вклучувате во нашата „Услуга“ и се согласувате да бидете обврзани на следните услови („Услови за користење“, „Услови“), вклучувајќи ги и дополнителните услови и политики наведени тука и/или достапни преку хиперврска. Овие Услови за користење се однесуваат на сите корисници на страницата, вклучувајќи ги без ограничување и корисниците кои се пребарувачи, продавачи, клиенти и/или учесници во изработката на содржината.

Ве молиме внимателно да ги прочитате овие Услови за користење пред да пристапите кон или да ја користите нашата веб-страница. Со пристапување кон или користење на било кој дел од страницата, се согласувате да бидете обврзани на овие Услови за користење. Доколку не се согласувате со сите услови од овој договор, не можете да пристапите на веб-страницата или да користите било какви услуги. Доколку овие Услови за користење се сметаат за понуда, прифаќањето е експлицитно ограничено на нив.

На оваа страница можете да ја разгледате најактуелната верзија на Условите за користење во секое време. Го задржуваме правото да вршиме ажурирање, промена или замена на кој било дел од овие Услови за користење преку објавување на ажурирањата и/или промените на нашата веб-страница. Ваша одговорност е повремено да ја проверувате оваа страница за евентуални промени. Вашето континуирано користење или пристап до веб-страницата по објавувањето на какви било промени претставува прифаќање на тие промени.

Го задржуваме правото во секое време да одбиеме услуга кон било кого, од било која причина.

Треба да знаете дека вашата содржина може да биде пренесена некриптирана и да вклучува (а) преноси преку различни мрежи и (б) промени поради усогласување и прилагодување на техничките барања на поврзаните мрежи или уреди.

Се согласувате дека без писмено одобрение од нас нема да репродуцирате, умножувате, копирате, продавате, препродавате или експлоатирате било кој дел од услугата, употребата на услугата, или пристапот до услугата или било кој контакт на веб-страницата преку која се обезбедува услугата.

Не сносиме одговорност доколку податоците достапни на оваа веб-страница не се точни, целосни или актуелни. Материјалот на оваа веб-страница е даден само за општа информација и не треба да се потпирате на него ниту да го користите како единствена основа за донесување одлуки без консултација со основните, поточни, поцелосни или поактуелни извори на информации. Секое прифаќање на материјалот на оваа веб-страница е на ваш сопствен ризик.

Оваа веб-страница може да содржи одредени историски податоци. Историските податоци не секогаш се актуелни и се дадени само за ваш увид. Го задржуваме правото да вршиме измени на содржината на оваа веб-страница во секое време, но немаме обврска да ги ажурираме податоците на нашата веб-страница. Вие сте согласни дека ваша обврска е да ги следите промените на нашата веб-страница.

Врските од трети лица на оваа веб-страница може да ве упатат на веб-страници на трети лица кои не се поврзани со нас. Ние не сме одговорни за испитување или оценување на содржината или точноста и не гарантираме и не сносиме никаква одговорност за материјали или веб-страници на трети лица, или за било какви други материјали, производи или услуги од трети лица.

Не сме одговорни за било каква повреда или штета поврзана со набавката или користењето на стоки, услуги, ресурси, содржина или други трансакции направени во врска со веб-страници на трети лица. Ве молиме внимателно да ги разгледате политиките и практиките на трети лица за да ги разберете пред да се вклучите во некоја трансакција. Жалбите, барањата или прашањата во врска со производите на трети лица треба да се упатат до нив.

Поднесувањето на лични податоци е регулирано со нашата Политика за приватност. За да ја разгледате нашата Политика за приватност кликнете тука.

Повремено може да постојат информации на нашата веб-страница или во Услугата кои содржат печатни грешки, неточности или пропусти. Го задржуваме правото да вршиме исправка на грешки, неточности или пропусти без претходно известување.

Покрај другите забрани наведени во Условите за користење, забрането е користење на веб-страницата или нејзината содржина за: (а) нелегални цели; (б) поттикнување на други лица да извршуваат или учествуваат во било какви незаконски дејствија; (в) кршење на меѓународни, сојузни, покраински или државни одредби, правила, закони или локални прописи; (г) повреда или кршење на нашите права на интелектуална сопственост или правата на интелектуална сопственост на други лица; (д) малтретирање, злоупотребување, навредување, повредување, клеветење, омаловажување, заплашување или дискриминирање врз основа на пол, сексуална ориентација, религија, етничка припадност, раса, возраст, национално потекло или инвалидитет: (ѓ) поднесување на лажни или погрешни информации; (е) прикачување или пренесување на вируси или друг вид на малициозен код што ќе биде користен или ќе може да се користи на било кој начин кој влијае на функционалноста или функционирањето на Услугата или на некоја друга поврзана веб-страница, на други веб-страници, или интернет; (ж) собирање или следење на лични податоци на други лица; (з) масовни е-пораки кои се користат за рекламирање, како и разни алатки и вируси за собирање на лични податоци; (ѕ) непристојни или неморални цели; или (и) попречување или заобиколување на безбедносните карактеристики на Услугата или било која поврзана веб-страница, други веб-страници или интернет. Го задржуваме правото да го прекинеме вашето користење на Услугата или било која поврзана веб-страница поради кршење на било која од забранетите намени.

Не гарантираме дека користењето на нашата услуга ќе биде непрекинато, навремено, безбедно или без грешки.

Не гарантираме дека резултатите што може да се добијат од користењето на услугата ќе бидат точни или сигурни.

Се согласувате дека повремено можеме да ја прекинеме услугата на неодредено време или да ја откажеме услугата во секое време без да ве известиме.

Изречно се согласувате дека користењето или неможноста да ја користите услугата е на ваш сопствен ризик. Самата Услуга и сите производи и услуги кои ги добивате преку истата се (освен ако не е изречно наведено од нас) дадени „како што се“ и „како што се достапни“ за ваша употреба, без било какви гаранции и услови, изречени или имплицирани, вклучувајќи ги и сите имплицирани гаранции или услови за квалитет, погодност за одредена намена, трајност, право на сопственост и неповредливост.

Во ниту еден случај, GSI Translations, нашите директори, службеници, вработени, подружници, застапници, изведувачи, практиканти, добавувачи, даватели на услуги или даватели на лиценци нема да бидат одговорни за било каква повреда, загуба, штета или било какви директни, индиректни, случајни, казнени или последични штети од секаков вид, вклучувајќи, но не само, изгубен профит, изгубен приход, изгубени заштеди, губење на податоци, трошоци за замена или слични штети, без разлика дали се засновани на договор, противправно постапување (вклучувајќи небрежност), строга обврска или друго, што произлегува од вашата употреба на некоја од услугите или производите набавени со користење на услугата или за секое друго барање поврзано на било кој начин со вашето користење на услугата или на некој производ, вклучувајќи, но не само, грешки или пропусти во некоја од содржините, или било каква загуба или штета настаната како резултат на употребата на услугата или на било која содржина (или производ) објавена, пренесена или на друг начин достапна преку услугата, дури и ако е известена за можноста тие да настанат. Бидејќи некои држави не дозволуваат исклучување или ограничување на одговорноста за последична или случајна штета, во тие држави нашата одговорност ќе биде ограничена на максималниот степен дозволен со закон.

Се согласувате да ги обештетите, браните и ги заштитите GSI Translations и нашите подружници, филијали, партнери, службеници, директори, застапници, изведувачи, даватели на лиценци, даватели на услуги, подизведувачи, добавувачи, практиканти и вработени, од било какви побарувања и штети, вклучувајќи и адвокатски такси, направени од трети лица, кои произлегуваат или се резултат на прекршување на овие Услови за користење или документите содржани во нив или повреда на било кој закон или права на трето лице од ваша страна.

Во случај да се утврди дека некоја одредба од овие Услови за користење е незаконска, неважечка или неприменлива, таквата одредба сепак ќе се спроведе до највисок степен дозволен со закон, а неприменливиот дел ќе се смета за отстранет од овие Услови за користење. Тоа нема да влијае на валидноста и применливоста на преостанатите одредби.

Обврските на договорните страни настанати пред датумот на престанок ќе важат и по престанокот на овој договор за сите намени.

Овие Услови за користење се на сила освен ако, и сѐ додека не бидат прекинати од ваша или наша страна. Можете да ги прекинете овие Услови за користење во секое време со тоа што ќе не известите дека повеќе не сакате да ги користите нашите услуги или кога ќе престанете да ја користите нашата веб-страница.

Исто така, доколку според наша проценка или сомневање, не сте се придржувале кон некој услов или одредба од овие Услови за користење, можеме да го раскинеме овој договор во секое време без претходна најава, а вие и понатаму ќе бидете одговорни за сите износи направени до и вклучувајќи го датумот на раскинување; и/или пристапот до нашите услуги (или дел од нив) може да ви биде одбиен.

Нашето неприменување или неспроведување на некое право или одредба од овие Услови за користење не претставува откажување од тоа право или одредба.

Овие Услови за користење и сите политики или правила за работа што ги објавуваме на оваа веб-страница или во врска со Услугата го сочинуваат целокупниот договор и го регулираат вашето користење на Услугата, заменувајќи ги сите претходни или истовремени писмени или усни договори, комуникации и предлози (вклучувајќи, но не само, било кои претходни верзии на Условите за користење).

Сите нејаснотии во толкувањето на овие Услови за користење нема да се толкуваат на штета на страната која ги составила.

Овие Услови за користење и сите посебни договори со кои ние ви обезбедуваме услуги ќе бидат регулирани и толкувани во согласност со законите на Англија и Велс.

Можете да ја разгледате најновата верзија на Условите за користење на оваа веб-страница во секое време.

Го задржуваме правото, по сопствена проценка, да ажурираме, смениме или замениме кој било дел од овие Услови за користење со објавување на ажурирани информации и промени на нашата веб-страница. Ваша одговорност е повремено да ја проверувате нашата веб-страница за било какви промени. Вашето континуирано користење или пристап до нашата веб-страница или Услугата, по објавувањето на било какви измени на овие Услови за користење претставува прифаќање на тие промени.

Прашањата во врска со Условите за користење испратете ги до нас на info@gsitranslations.com