GSI Translations е компанија за преведување во британска сопственост и управа со главно седиште во Лондон и три регионални канцеларии во Букурешт, Скопје и Бангкок.

Ние обезбедуваме стручни, технолошко-компетентни и висококвалитетни преведувачки услуги. Нашата стручност ја фокусираме на обезбедување преведувачки услуги наменети за правниот, финансискиот, медицинскиот/фармацевтскиот сектор и интернет игрите.

И покрај многуте разлики во поглед на производите и услугите, заедничко за сите овие сектори е потребата за висококвалитетен превод, обезбеден од професионални преведувачи, квалификувани и искусни во својата област.

GSI Translations работи со висококвалификувани и стручни преведувачи од целиот свет. Со големо внимание го избираме секој преведувач врз основа на неговото сегашно или претходно искуство во релевантната област (правници, дипломирани сметководители, консултанти, советници, доктори, фармацевти и медицински сестри), како и врз основа на неговото одлично познавање на мајчиниот јазик.

Во можност сме и да понудиме услуга прилагодена на клиентот, која ги зема предвид неговите барања. Без оглед на обемот на работата, ние се гордееме со сработеното и секогаш испорачуваме производи по највисоки стандарди.

Благодарение на овој бизнис модел брзо стекнуваме репутација на одличен добавувач на висококвалитетни повеќејазични решенија за нашите партнери од правниот, финансискиот и фармацевтскиот сектор.

За директен контакт со наш советник или консултант за преводи, ве молиме да побарате понуда на нашата интернет страница или да се јавите во нашата најблиска канцеларија. Во моментот, нашата компанија има канцеларии во:

За разлика од другите компании за преведување, ние лично се грижиме за секое прашање што ни го упатувате, за да бидеме сигурни дека целосно ги разбираме можните специфики за да испорачаме најдобар превод во секое време. Ќе ни биде задоволство да разговараме со вас и да ги разгледаме вашите барања во целост.