Trados и други CAT алатки
Она по што се разликува GSI Translations од многу други преведувачки компании е водечката технологија што ја користиме за точно и прецизно преведување. Сите проектни менаџери на GSI се сертифицирани за напредно ниво на користење на Trados 2015 и имаат искуство со други компјутерски алатки за преведување (CAT).
Како TRADOS и другите CAT алатки МИ помагаат како клиент?
Што точно е TRADOS? Тоа е софистициран софтвер за преведување и е ‘стандард’ во областа на CAT алатките за преведување. Програмата создава преведувачки мемории на преведените текстови откако тие ќе бидат креирани од еден или повеќе преведувачи. Овие мемории можат подоцна да репродуцираат зборови и реченици за да се обезбеди нивна конзистентност. Мемориите може да се складираат и организираат според јазичен пар и да обезбедат информации за конкретното време во кое креирана, а потоа и уредена преведувачката единица („сегмент“), како и за корисниците одговорни за креирањето/уредувањето.
Trados им нуди на клиентите две основни придобивки:
Прво, текстот може прецизно да се анализира за точно да се процени колку работа ќе биде потребна за превод на истиот.
Второ, и поважно од гледна точка на квалитет, е да се обезбеди еднообразност во терминологијата, што е една од клучните карактеристики на професионалниот превод. Како што претходно споменавме, речениците што се повторуваат во оригиналниот документ секојпат ќе бидат преведени на ист начин. Исто така, Trados има и функција “Concordance” која на преведувачите им овозможува да бараат зборови во сите претходни преводи во тековната изворна датотека и во сите други претходни преводи, што претставува ефикасен начин да се обезбеди конзистентност.
Други CAT алатки што ги користи GSI се: