Без разлика на вашиот деловен сектор или на обемот на проектот, на секој клиент му обезбедуваме:

  • Точен превод од родени говорници, со темелно, квалификувано, стручно знаење од релевантната област.
  • Посветен кадар за менаџирање на проекти за да се обезбеди точност на преводот и навремена или предвремена испорака на проектот.

Посветен проектен менаџер

Од моментот кога ќе стапите во контакт со GSI Translations, ќе ви биде доделен проектен менаџер. Тој ќе се погрижи за вашата нарачка од самиот почеток па сé до конечната испорака на вашиот преведувачки проект. Вашиот проектен менаџер ќе го анализира документот (документите) за кој (и) ви е потребен превод, и ќе ве извести за цената и за рокот на испорака на проектот. Веднаш откако ќе ја добиеме вашата писмена потврда, нарачката ќе биде внесена во нашата база на податоци и обработена од страна на тимот на GSI Translations назначен за тој проект.

Континуирано менаџирање на проектот

Веднаш штом ќе ја добиеме вашата потврдена нарачка, вашиот проектен менаџер ќе започне да бара преведувач за проектот.

Ќе се бара преведувач на кој целниот јазик му е мајчин и кој има повеќе од 5-годишно искуство во бараната област. Покрај тоа, проектниот менаџер ќе го следи целокупниот процес, со цел преводот да ги задоволува највисоките стандарди и да биде испорачан во бараниот рок.

Управување со квалитет

Веднаш штом документот ќе се преведе, преводот оди кај стручен лектор во секторот за лекторирање. Доколку е потребно, документот потоа се праќа во нашиот ДТП оддел за да се направи дизајн; откако ќе мине низ сите овие фази, документот му се враќа на проектниот менаџер на крајно одобрување.

Крајна испорака

Проектниот менаџер го добива целокупниот материјал и врши финална проверка. Доколку е сé во ред, ви го испраќа завршениот превод. Откако ќе ги прегледате документите и потврдите дека сте задоволни од преводот, нашата проектна документација се затвора и вашата фактура ќе биде подготвена и издадена.