Локализација на веб-страници и документи
Локализацијата на веб-страници и документи е процес на прилагодување на содржината на одредена локација или пазар. Преводот е еден од неколкуте елементи на процесот на локализација. Покрај превод, процесот на локализација може да вклучи и:
- Адаптирање на графиката на целните пазари;
- Измена на содржината за да одговора на вкусовите и потрошувачките навики на други пазари;
- Локално конвертирање (како на пример валути и мерни единици);
- Користење на соодветни локални формати за датуми, адреси и телефонски броеви;
- Придржување кон локални прописи и законски барања.
Целта на локализацијата е да им даде на вашата веб-страница и документи изглед и чувство дека се создадени посебно за целниот пазар, независно од нивниот јазик, култура или локација.
Понекогаш директниот превод на документите не е доволен. Разликите во културата и јазикот може значително да влијаат на вашите преведени комуникации, правејќи разлика помеѓу успешна меѓународна маркетинг кампања или проект за кој е потребна поголема помош за да успее во странство.
Со користење на искусни лингвисти, GSI се грижи вашата ‘порака’ да биде примена на вистинскиот начин, независно за која земја или регион е наменета.
Наши специјалности
Како британска компанија, наша специјалност е британскиот англиски јазик. Можеме да работиме со проектниот материјал директно од не-британски англиски варијанти или да комбинираме локализација со превод од други јазици.
Со канцеларии во Скопје и Букурешт, наша дополнителна специјалност е локализација за балканскиот регион, без разлика дали се работи за албански, босански, бугарски, хрватски, грчки, македонски, српски, романски, унгарски, словенечки, турски, курдски или други регионални јазици.
Нудиме и локализација на преводи од/на тајландски јазик преку нашата канцеларија во Бангкок,
Како можеме да помогнеме?