Правилното лекторирање е важна фаза пред поднесувањето или објавувањето на договор, веб страница, клинички извештај или било кој друг документ. Лекторирањето е последниот и суштински чекор пред да може документот да се смета за завршен. GSI Translations нуди комплетна лекторска услуга за да се осигура дека завршените документи немаат грешки и се стилски точни.

Процесот вклучува проверка на вашиот текст, во случај на евентуални недоследности, двосмислености и грешки кои би можеле да го попречат разбирањето на текстот.

Ние гарантираме дека вашата повеќејазична содржина ќе биде конзистентна, без грешки, стилски точна и културолошки соодветна. Нашиот тим од постојани и хонорарни лектори е обучен за лекторирање на вашиот текст, што гарантира дека ќе добиете содржина со највисок квалитет.

Нашите тимови можат да работат според вашиот стилски водич и речник, што ви овозможува да поставите стилски правила и да ја дефинирате одобрената терминологија, и сето тоа ќе биде зачувано и ќе може да се користи за сите идни проекти.

  • GSI Translations користи само искусни преведувачи што преведуваат на својот мајчин јазик, што ја сведува лектурата на минимум;
  • Користиме само лектори со искуство во релевантната област;
  • Нашиот тим на лектори врши општа лектура на правописот, граматиката и точноста и ги следи вашите конкретни упатства;

Измените се прават директно на преведениот документ или се користи функцијата за следење на измени (track changing), во зависност од вашите барања.