Професионален превод од и на шпански јазик

Нашите стручни преведувачи се фокусираат на четири главни деловни сектори: право, финансии, медицина и интернет игри.

Ова ниво на специјалност значи дека ние сме посебно квалификувани за правни преводи од и на шпански јазик, како и превод на финансиска документација и медицински и фармацевтски преводи.

Превод на правни документи од и на шпански јазик

Нашите стручни правни преведувачи имаат докажано искуство и квалификации од областа на правото. Нашите услуги за деловни преводи вклучуваат превод на документи кои се потребни за да се основа друштво со ограничена одговорност (sociedad limitada laboral) или јавно претпријатие со ограничена одговорност (sociedad anonima), превод на годишни извештаи, општински дозволи итн.

Најчесто им помагаме на корпорациските и не-корпорациските организации со меѓународни интереси, но можеме исто така да помогнеме со индивидуални и приватни преводи, на пример на документи за сопственост и имот, граѓански регистрации и потврди, како и документи потребни за престој и работни дозволи.

Финансиски преводи од и на шпански јазик

Ние исто така ангажираме искусни преведувачи за финансии и сметководство кои често му помагаат на нашиот тим за правни преводи или соработуваат со него. Со темелно познавање на шпанската сметководствена терминологија, нашите преведувачи обезбедуваат точни и прецизни преводи на сите видови финансиски документи, вклучувајќи годишни сметки, акционерски документи, итн.

Медицински преводи од и на шпански јазик

Нашиот преведувачки тим од областа на медицината ја покрива медицината, фармацијата и науките за живиот свет. Со нашето стручно знаење и искуство, преведуваме шпански медицински текстови според највисоките стандарди.

Исто така имаме експертски тим на иследници (Форензичка единица), со кој нашите правни и медицински лингвисти се во блиска соработка за да се обезбеди точен и прецизен превод на странска документација која се однесува на смртни случаи на британски државјани во странство.

Превод на интернет страници од и на шпански јазик

Освен преводи на документи од и на шпански јазик, ние исто така обезбедуваме квалитетен и стручен превод на интернет страници, од мета тагови до главна содржина. Нашиот тим на преведувачи од шпански јазик поседува висока техничка компетентност и секогаш испорачува брзи и точни преводи.

Дополнителни преведувачки услуги

Ние исто така нудиме и транскрипција на шпански аудио и видео документи, лекторирање на шпански јазик и низа други дополнителни деловни услуги, како дизајн и подготовка на документи, за сигурна испорака на најпрофесионален можен резултат кој ќе ги задоволи вашите потреби.

Нашиот тим на стручни преведувачи од и на шпански јазик ви стои на располагање, независно од вашите барања. Единствено што треба да направите е да побарате понуда!