ДАЛИ ЗБОРУВАТЕ КИНЕСКИ?

Преводот од/на кинески јазик брзо станува една од најважните јазични комбинации на светско ниво. Се користи како мајчин јазик повеќе од било кој друг јазик, тој е втор најчесто употребуван јазик на интернет, а во голема мерка се користи и во меѓународниот бизнис.

GSI Translations има голем тим на кинески стручњаци од различни области, што ни овозможува да понудиме широк спектар на услуги. На овој конкурентен пазар ние сме во состојба да гарантираме дека услугата ќе биде извршена од страна на квалификувани и искусни преведувачи според стандардот кој го барате.

Варијантите на кинескиот јазик родените говорници обично ги опишуваат како дијалекти на единствениот кинески јазик, но лингвистите сметаат дека тие се различни како да претставуваат посебна јазична група. Внатрешната разноликост на кинескиот јазик се споредува со онаа на романските јазици, но можеби е дури и поизразена. Постојат помеѓу 7 и 13 главни регионални групи на кинескиот јазик (во зависност од шемата за класификација), од кои убедливо најмногу се користи мандаринскиот (околу 960 милиони), по што следи ву (80 милиони), јуе (60 милиони) и мин (70 милиони). Повеќето од овие групи се меѓусебно неразбирливи, иако некои, како ксианг и некои југозападни мандарински дијалекти споделуваат заеднички термини и до одреден степен се меѓусебно разбирливи. Сите варијанти на кинескиот јазик се тонски и аналитички.

Преведувачите и лекторите на GSI ги комбинираат своите извонредни јазични вештини со стручноста во релевантната област, што ни овозможува да ги задоволиме барањата за превод од/на кинески јазик на проекти од областа на финансиите, правото, медицината, фармацијата и интернет игрите. Работата му се доделува на највисоко квалификуваниот преведувач со цел постојано да се обезбедуваат висококвалитетни резултати. Имаме експерти кои преведуваат на различни кинески дијалекти и вршат преводи во двата пишани системи, поедноставен и традиционален.

Нашиот стручен кинески преведувачки тим ви стои на располагање, независно од вашите барања.