Јапонскиот јазик е осмиот најупотребуван јазик на интернет, а самата Јапонија се гордее со својата економија која е трета по големина во светот, што ја истакнува потребата за корпоративен превод. Нашите јапонски преведувачи ги комбинираат јазичните вештини на нивниот мајчин јазик со познавањето на релевантната област за да обезбедат висококвалитетен превод во секое време.
Секој проект подлежи на строг процес на контрола на квалитет, што значи дека во неговата реализација се вклучени повеќе висококвалификувани јазични експерти.
Превод на јапонски финансиски документи
Сите наши јапонски финансиски преведувачи се професионално квалификувани со најмалку петгодишно искуство во својата област. Преведуваме финансиски документи, како годишни извештаи на компании и собранија на акционери, извештаи за вложувања во/од странство и портфолија, проспекти за обврзници и акционерски капитал, како и потврди за осигурување и финансиски извештаи. Дознајте повеќе за нашите услуги за финансиски превод.
Правен превод од/на јапонски јазик
Сите наши правни преведувачи имаат најмалку десетгодишно искуство во својата област, што во комбинација со јазичните вештини на нивниот мајчин јазик, им овозможува да обезбедат точни преводи на правни документи, од трговски прописи до судски извештаи. Дознајте повеќе за нашите услуги за правен превод.
Медицински превод
Нашите медицински преведувачи имаат стручно искуство во областа на фармацијата и науката за живиот свет. Сите преведувачи имаат најмалку десетгодишно искуство и одлично познавање на мајчиниот јазик, што им овозможува да обезбедат точен превод на секоја од јазичните комбинации. Дознајте повеќе за нашите услуги за медицински превод.
Превод на онлајн игри
Како веќе постоечка индустрија, онлајн игрите бараат стручни јазични вештини и локализација, за да може целокупната терминологија точно да се преведе на/од јапонски јазик. На сите преведувачи што ги ангажираме мајчин јазик им е јапонскиот, во комбинација со одлично познавање од областа на онлајн игрите. Дознајте повеќе за нашиот превод на онлајн игри.