Você fala Português?
ПРЕВОД ОД/НА ПОРТУГАЛСКИ ЈАЗИК
Португалскиот јазик се зборува во девет различни земји ширум светот, со што се отвора вратата за комуникација и бизнис во Европа, Африка и Јужна Америка. Со речиси една четвртина милијарда луѓе ширум светот кои го зборуваат овој јазик, бизнисите кои сакаат да се прошират на нови пазари, особено на истакнатиот бразилски пазар, имаат корист од нашите португалски преведувачки услуги.
Постојат јасни разлики помеѓу европскиот и бразилскиот португалски јазик кои ги познава само стручен говорник. Поради тоа GSI Translations користи исклучиво преведувачи кои поседуваат стручност целосно да ги разберат разликите и нијансите на двете јазични варијанти.
Португалскиот (português или во целост língua portuguesa) е романски јазик и единствен официјален јазик на Ангола, Бразил, Зеленортските Острови, Гвинеја-Бисао, Мозамбик, Португалија и Сао Томе и Принсипе. Исто така има статус на еден од официјалните јазици во Источен Тимор, Екваторијална Гвинеја и Макао. Како резултат на проширувањето за време на колонизацијата, културно присуство на говорници на португалскиот јазик и на португалскиот креолски јазик може да се најде и во Гоа, Даман и Диу во Индија, во Батикалоа на источниот брег на Шри Ланка, на индонезискиот остров Флорес и во Малака во Малезија.
Нашиот стручен тим за превод од/на португалски јазик ви стои на располагање, независно од вашите барања.