Покрај преводи од и на македонски јазик, нашата канцеларија во Скопје е специјализирана за преведување од и на широк спектар на балкански јазици, вклучувајќи го албанскиот, босанскиот, бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, романскиот, српскиот, словенечкиот и турскиот јазик.

За поддршка на нашиот бизнис сектор кој се фокусира на областа на правото, финансиите и медицината, нашите професионални преведувачи се висококвалификувани правници, професори, сметководители, доктори и наставници, под раководство на посветени проектни менаџери кои обезбедуваат навремена испорака на вашиот превод според највисоките стандарди.

Преводи за основање на македонски компании

Нашите правни и финансиски преведувачи можат да преведат секаков вид на документи и материјали, вклучувајќи ги и оние што се потребни за формирање на компанија во Македонија, како на пример:

  • Јавно Трговско Друштво – ЈТД
  • Командитно Друштво – КД
  • Друштво со Ограничена Одговорност – ДОО
  • Акционерско Друштво – АД
  • Командитно Друштво со Акции – КДАДА.

Можеме да помогнеме со превод на договори и спогодби, документи со нотарска заверка и секаков друг вид на правни и финансиски материјали што ви се потребни за основање и водење на компанија во Македонија.

Исто така преведуваме правни документи потребни во случај на ликвидација или затворање на компанија.

Превод на македонски финансиски и правни документи

Нашиот балкански тим за Финансии е специјализиран за превод на финансиски и сметководствени документи на комерцијално ниво и на ниво на претпријатија, од и на сите регионални јазици. Иако обично излегуваме во пресрет на барањата за пообемни правни преводи, исто така преведуваме и самостојни документи и извештаи како што се годишни извештаи за исплатени плати и придонеси на вработени, и извештаи за ревизија.

Превод на македонски медицински и фармацевтски документи

Нашите медицински преведувачи преведуваат македонски документи од областа на фармацијата, науките за живиот свет и медицината со значителна точност. Ние ангажираме само висококвалификувани и искусни преведувачи со најмалку 10-годишно работно искуство во медицинскиот сектор. Ги покриваме сите гранки на медицината, вклучувајќи биохемија, биотехнологија, хемија, фармакологија и токсикологија.

Нашата канцеларија во Скопје

GSI Translations има силен тим на родени говорници на македонскиот јазик, менаџирани преку нашата канцеларија во Скопје.

Можете директно да стапите во контакт со македонскиот преведувачки тим:
GSI Translations – Скопје
ул. Македонија бр. 33/2-4,
Скопје-Центар, 1000,
Република Македонија
Тел: +389 (0) 2 311 7033

Или да се јавите во нашето седиште во Лондон.
Нашите стручни македонски преведувачи ви стојат на располагање, независно од вашите барања.