Parli italiano?

Италијанскиот јазик е еден главните јазици со кои работи GSI Translations, особено во областа на правото и финансиите. GSI Translations се грижи нашиот тим за преводи од и на италијански јазик да биде строго селективен во однос на преведувачите што ги користи и на кои италијанскиот им е мајчин јазик, и кои ги разбираат сите нијанси на јазикот.

Превод од и на италијански јазик

Правни преводи

GSI ангажира родени говорници на италијанскиот јазик со стручно, темелно знаење и искуство во областа на правото. Ние обезбедуваме прецизни правни преводи од и на италијански јазик. Ние обезбедуваме совршен превод на сите правни документи, од корпоративни судски постапки до формирање на италијански компании.

Италијански финансии и сметководство

Нашиот тим за финансиски преводи вклучува родени говорници на италијанскиот јазик, со стручно познавање на италијанското сметководство и финансии. Обично добиваме барања за преводи на италијански финансиски извештаи и извештаи на компании, но често имаме и барања за превод на италијански документи за осигурување, проспекти за меници и акции и извештаи од акционерски собранија.

Италијански јазик

Италијанскиот е важен европски јазик, еден од официјалните јазици на Организацијата за безбедност и соработка на Европа и еден од работните јазици на Советот на Европа. Италијанскиот е трет јазик во Европската Унија според бројот на говорници кои го користат како прв јазик, со 65 милиони родени говорници (13% од популацијата на ЕУ), а 14 милиони жители на ЕУ (3%) го користат како втор јазик. Вклучувајќи ги италијанските говорници во земјите кои не се членки на ЕУ (како Швајцарија и Албанија) и на други континенти, вкупниот број на говорници е околу 85 милиони. https://en.wikipedia.org/wiki/Italian_language

Кога ви треба превод од италијански на англиски јазик и обратно, каде квалитетот и доверливоста се од најголема важност, можете да сметате на нас. Traduzioni italiane di qualità!

Нашиот стручен тим за превод од и на италијански јазик ви стои на располагање, независно од вашите барања.