Sprechen Sie Deutsch?

ПРЕВОД ОД/НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Сите наши германски преведувачи се високо квалификувани и имаат најмалку 10-годишно искуство во преведување и по можност директно искуство во релевантната област. Тимот на GSI за превод од/на германски јазик е составен само од родени говорници. Фактот дека нашите преведувачи се квалификувани во релевантната област, како и фактот дека тие се исклучителни лингвисти му дава на клиентот целосна доверба.

Еден од главните јазици во светот, германскиот, е прв јазик на околу 95 милиони луѓе ширум светот и е најраспространет мајчин јазик во Европската Унија. Германскиот е исто така трет странски јазик што најчесто се изучува во САД (по шпанскиот и францускиот) и во ЕУ (по англискиот и францускиот, на пониско средно ниво), втор најчесто користен јазик во науката, како и трет најмногу користен јазик на интернет (по англискиот и рускиот). Германија е рангирана на петтото место во однос на годишното објавување на нови книги, со една десетина од сите книги (вклучувајќи и е-книги) во светот кои се објавуваат на германски јазик.

Нашиот стручен тим за превод од/на германски јазик ви стои на располагање, независно од вашите барања.