Parlez-vous français?

Нашиот тим од професионални француски преведувачи може да работи на проекти од од секоја големина, со брза испорака и целосна точност. Ние работиме само со родени говорници кои нудат професионален превод од и на француски јазик од и на многу други јазици.

Во 2015 година, GSI Translations склучија 4-годишен престижен договор со Одделот за преведување на ЕУ во Луксембург, за обезбедување на француско-англиски правни преводи.

Преводи од и на француски јазик од областа на правото

Нашиот правен тим има темелно познавање на повеќе од 100 јазици, и вклучува родени говорници на францускиот јазик кои преведуваат и локализираат француски правни документи. На проекти со корпорациски и не-корпорациски организации, како и со мултинационални компании, нашите преведувачи работат со посветени проектни менаџери за да се обезбеди прецизност, брзина и висок квалитет на преводот. Исто така можеме да ги исполниме и вашите барања за правни преводи од помал обем. Се што треба да направите е да побарате понуда.

Преводи од и на француски јазик од областа на финансиите

Нашиот финансов и сметководствен тим има темелно познавање на францускиот јазик во областа на финансиите, и обезбедува детални и локализирани преводи на сите видови финансиски документи, вклучувајќи акционерски извештаи, даночни и осигурителни документи и документација на компании.

Преводи од и на француски јазик од областа на медицината

Ние преведуваме техничка, регулаторна, клиничка и маркетиншка документација за францускиот медицински и фармацевтски сектор. Секој од преведувачите што го ангажираме има најмалку 10-годишно медицинско искуство, потребно за прецизни преводи од оваа техничка област.

Француски јазик

Францускиот јазик е официјален јазик во 29 земји, од кои повеќето се членки на франкофонијата, заедница на земји во кои се зборува на француски јазик. Тој е прв службен јазик во Франција, јужна Белгија, западна Швајцарија, Монако, одредени делови на Канада и Соединетите Американски Држави, а го зборуваат и различни заедници во други земји. Од 2015 година, 40% од франкофонската популација (вклучувајќи ги Л2 и делумните говорници) се наоѓа во Европа, 35% во Супсахарска Африка, 15% во Северна Америка и на Блискиот Исток, 8% на двата американски континенти и 1% во Азија и Океанија.
https://en.wikipedia.org/wiki/French_language

Нашиот стручен тим на преведувачи од и на француски јазик ви стои на располагање, независно од вашите барања.