Сместена во центарот на градот, нашата канцеларија во Скопје нуди основни јазични комбинации на англиски, албански, босански, бугарски, хрватски, македонски, црногорски, романски, српски, словенечки и турски јазик.

Нашите професионални преведувачи се висококвалификувани во своите области и вклучуваат адвокати, професори, сметководители, лекари и наставници.

Професионален деловен превод

Нашиот тим од постојани и хонорарни преведувачи има големо искуство во сите балкански јазични комбинации, и го водат проектни менаџери кои управуваат со големи проекти навремено и во рамки на буџетот.

Нашата балканска канцеларија во Скопје, исто како и сите наши канцеларии за преведување, ги користи истите процеси за контрола на квалитет, обезбедувајќи квалитет и конзистентност во сите фази и области.

Правен превод

Нашите правни преведувачи имаат стручно познавање на регионалното законодавство и при преведувањето на правни документи го пренесуваат точното значење за да се обезбеди правна усогласеност и разбирање од страна на крајниот корисник.

Најчесто од нас се бара превод од/на англиски јазик на документи за основање на балкански компании, што им помага на клиентите да ги исполнат локалните прописи.

Исто така обезбедуваме преводи на барања за патент, продажба на имот, договори за вработување и бизнис планови.

Медицински, клинички и  фармацевтски превод

Сите наши медицински преведувачи имаат најмалку 10-годишно искуство во својата област и го комбинираат тоа искуство со своето стручно познавање на соодветниот балкански јазик за да обезбедат професионален превод на медицински прашалници, упатства за употреба, упатства за лекови, лабораториски извештаи итн.

Заедно со нашиот правен тим, ние сме особено обучени за превод на медицински патенти за балканскиот пазар.

Финансиски документи на балкански јазици

Нашиот тим за балкански финансии поседува стручност за превод на финансиски и сметководствени документи на компании, од и на сите регионални јазици. Иако обично работиме на пообемни правни преводи, исто така преведуваме и самостојни документи и извештаи како што се даночни пријави и ревизорски извештаи.