Од сите јазици што се зборуваат во светот, англискиот јазик и понатаму е еден од најзастапените јазици. Како официјален работен јазик на повеќе меѓународни организации како ООН, Меѓународниот кривичен суд, Советот на Европа и НАТО, англискиот јазик претставува јазичен мост за проширување на достапноста онаму каде што соговорниците не споделуваат заеднички примарен јазик.

Од нашето седиште во Лондон, ние сме специјализирани за преведување на и од англиски јазик од областа на правото, финансиите, интернет игрите, медицината и фармацијата, вклучувајќи и британска локализација од други англиски дијалекти.

Меѓународни услуги за превод од и на англиски јазик и локализација

Нашите преведувачи се родени говорници на англискиот јазик од Британските острови, Северна Америка и Австралија, што значи дека можеме да обезбедиме стандардни англиски преводи кои се локализирани за секој регионален дијалект.

Иако сите дијалекти на англискиот јазик се меѓусебно разбирливи во широки рамки, сепак постојат значителни разлики кои можат да имаат големо влијание, особено во правната и медицинската фразеологија. Од таа причина гарантираме дека нашите професионални преведувачи секогаш поседуваат искуство во релевантниот сектор и одлични вештини на мајчиниот јазик.

Англиски јазични комбинации

Ние работиме со повеќе од 100 јазични комбинации, вклучувајќи шпански, француски, руски и кинески. Со придружните преведувачки канцеларии во Скопје, Букурешт и Бангкок, можеме да се пофалиме со компетентност во балканските јазици, со родени говорници кои преведуваат од српски, хрватски, бугарски, македонски и романски на англиски јазик.

Ајде да разговараме

Нашиот стручен тим за превод од и на англиски јазик е подготвен да ве услужи, независно од вашите барања. Само јавете нѝ се за понуда.