Нашиот тим на преведувачи од областа на финансиите и сметководството обезбедува превод на следните финансиски документи и извештаи:
- Годишни извештаи;
- Интернет страници за финансиски услуги;
- Осигурителни полиси;
- Штети;
- Деловни планови;
- Финансиски извештаи;
- Даночни и сметководствени документи;
- Банкарски документи (за инвестиции, меѓународно банкарство, производи и услуги, и слично);
- Кодекс на однесување;
- Детални извештаи за работењето на компании кои се спојуваат или преземаат (M&A Due Diligence);
- Меѓународни комуникации – соопштенија за јавност;
- Проспекти за меници и акции;
- Fund Fact Sheets (преглед на фондот);
- Извештаи од акционерски собранија;
- Документи со информации за клучни инвеститори;
- Барања за понуди;
- Обука на вработените за правното работење на компанијата;
Преку нашите преведувачи кои се висококвалификувани за повеќе од 100 јазици, ние обезбедуваме прецизен, брз и точен превод на финансиската услуга која ви е потребна.
Како можеме да ви помогнеме?
Побарајте бесплатно понуда за превод, која што ќе биде разгледана и испратена за четири работни часа.
Експерти за финансиски преводи
Наша специјализирана област за преведување се банкарството и финансиите. Заедно со нашите тимови на преведувачи од областа на медицината, правото или интернет игрите, ние обезбедуваме посебно прилагодени решенија во и вон областите, со што ја дополнуваме нашата стручност во финансиските преводи.
Нудиме голем број на комбинации од јазици, и покриваме широк опсег на финансиски области, како осигурување, банкарство и финансиски пазари.
Тим од финансиски преведувачи
Нашите надворешни и внатрешни преведувачи се искусни и квалификувани преведувачи од областа на финансиите, со најмалку 5-годишно искуство во овие области, а многу од нив имаат директно работно искуство како сметководители, ревизори, банкарски службеници, стечајни управници и финансиски советници.
Нашето докажано професионално искуство не значи дека ние само преведуваме зборови, туку разбираме и прецизно пренесуваме карактеристична финансиска терминологија со локализирано знаење и искуство – и како резултат обезбедуваме финансиски превод со висок квалитет.
Доверливост
Сите наши лингвисти, внатрешни и надворешни соработници, потпишуваат договор за доверливост со цел сите преводи да бидат во согласност со нашите строги политики за доверливост.
Контрола на квалитет
Клиентите се враќаат во GSI поради прецизноста и трудољубивоста на нашите преведувачи, но и поради професионализмот и интегритетот на целиот процес на квалитетно управување со документи благодарение на нашите процеси за контрола на квалитет.
Дали сте заинтересирани?
Доколку ви треба превод на финансиски извештај, или друга сметководствена или деловна документација, контактирајте нѐ, или побарајте понуда.