За нашите преведувачи на интернет игри

GSI Translations се гордее со блиската соработка што ја има со голем број клиенти од областа на интернет игрите, за кои нашиот постојан и хонорарен тим преведува интернет игри.

Токму ова долгорочно партнерство им овозможува на новите клиенти да имаат корист од обемната база на податоци со термини од областа на интернет игрите, која ја развиваме долг период и која ја гарантира точноста на завршениот превод.

Извлечете кента флеш од прва рака

Честопати клиентите ни се обраќаат за корекција на готови преводи. Можете да избегнете главоболки и дополнителни трошоци така што од прв пат ќе го добиете точниот превод извршен од страна на стручни преведувачи за интернет игри. Нашиот преведувачки тим го комбинира познавањето на областа на интернет игрите со родените јазични вештини, за да се обезбеди стручен превод на игри којшто е секогаш точен и прецизен.

Тим за превод на интернет игри

Нашите постојани и хонорарни преведувачи на интернет игри имаат значително работно искуство во индустријата на интернет игрите во нивните матични земји. Секој од преведувачите што го вработуваме има многу прецизно и стручно познавање не само на јазикот на игрите, туку и на локалните варијации. Знаеме дека овие нијанси и суптилности се клучни за добивање на совршен резултат и на задоволни клиенти. Без оглед дали работиме на превод на интернет страница, лекторирање документи за маркетинг или подготвуваме преведени документи за објавување, знаеме дека нашите преводи ќе бидат точни и стручно ќе соодветствуваат на стилот и форматот на оригиналниот извор.

Локализирана терминологија на интернет игри

Со оглед на тоа што членовите на нашиот тим се родени говорници, ние можеме да испорачаме и повеќе од директен превод. Можеме да ја локализираме терминологијата на интернет игрите за да нашите клиенти, додека играат, не ги буни непозната терминологија и фрази. 
Побарајте понуда за превод на интернет игри денес, или јавете се во една од нашите регионални канцеларии.