Ние обезбедуваме решенија за деловен превод по нарачка, по мерка на секој клиент, без разлика дали се работи за мултинационална корпорација или приватно претпријатие со меѓународна клиентела, вклучувајќи сѐ, од превод на документи и аудио транскрипција до локализација врз база на регионалните дијалекти. Без оглед на предметот или обемот на проектот, ние обезбедуваме професионален деловен превод по исклучително високи стандарди на прецизност и контрола на квалитет.

Нашите висококвалификувани преведувачи се професионалци од сите сектори на индустријата и економијата, вклучувајќи:

  • Правни
  • Финансиски
  • Медицински и науки за живиот свет
    и
  • Интернет игри

Сите ваши прашања се добредојдени. Побарајте нѐ за бесплатна понуда или консултација во врска со вашите барања за деловен превод.

Зошто да го изберете GSI?

  • Обемна база на податоци со повеќе од 5000 квалификувани и искусни преведувачи и лектори;
  • Сите наши преведувачи и лектори имаат најмалку 5-годишно професионално искуство во релевантните сектори и се квалификувани во својата стручна област;
  • Нашите лингвисти преведуваат само на својот мајчин јазик;
  • Професионални преведувачки услуги и локализација на над 100 јазици;
  • Посветен проектен менаџер назначен за секој проект.
  • Прецизен процес на контрола на квалитетот.

Благодарение на нашиот бизнис модел брзо стекнуваме репутација на одличен добавувач на висококвалитетни повеќејазични решенија за нашите партнери од правниот, финансискиот, медицинскиот/фармацевтскиот сектор и интернет игрите.

Деловен превод

GSI ангажира висококвалификувани преведувачи, стручно обучени во својата област, кои обезбедуваат деловен превод од највисок квалитет, со посветени експерти во релевантните сектори.

Секоја индустрија има свои карактеристики и особености, што го прави нејасно буквалното преведување. Со ангажирање на преведувачи кој преведуваат на својот мајчин јазик и кои се експерти во својата област, можете да бидете сигурни дека вашата стручна терминологија ќе биде точно преведена, со прецизно пренесување на податоците и намерите, прилагодени за секоја целна област.

Некои индустрии се значително покомплексни од другите. Од таа причина, нашите преведувачи од областа на правото и медицината/фармацијата треба да имаат најмалку пет до десет години професионално искуство во своите релевантни сектори, како и јазични способности на нивниот мајчин јазик, зза да можат точно да ја преведат вашата литература, документација и комуникација.

Меѓу-секторска работа

Знаеме дека секој преведувачки проект е единствен. Нашите посветени проектни менаџери водат сметка нашите меѓу-секторски проекти да ја комбинираат стручноста на секој од професионалците, за да се обезбеди сеопфатен и точен превод, без оглед на комплексноста на вашите барања.

Мултимедија

И во ова време на глобализација, знаеме дека само зборови на хартија не се доволни. Покрај нашата првична стручност за преведување на деловни извештаи, документација и литература, нашите сеопфатни деловни услуги вклучуваат аудио и видео транскрипција, локализација на интернет страница, ДТП лекторирање и мобилна технологија.

Контрола на квалитетот на преводот

Нашиот процес на контрола на квалитетот ја потврдува точноста на секој превод, со посветен проектен менаџер и сеопфатен процес на контрола на квалитетот.

Секој проект, било да е превод, транскрипција или локализација, минува низ повторлив процес на преведување и лекторирање за да испорачаме точен превод во секое време. Повеќе информации можете да пронајдете тука. Заинтересирани сте?

Побарајте нѐ онлајн или директно преку нашите преведувачки канцеларии во Лондон, Букурешт, Скопје и Бангкок.