Со појава на нови глобални можности, производителите на автомобили често отвораат нови производствени погони низ целиот свет. Меѓународната работна сила подразбира дека компанијата често треба да обезбедува документација на различни јазици, а клиентите пак очекуваат да добијат упатства за користење на својот јазик. Дозволете GSI да се погрижи за сите ваши барања за превод и да ве придвижи!

Нашите преведувачки услуги може да ви помогнат да го проширите обемот на вашата техничка документација, материјалите за обука, каталозите, и деловните материјали, и да ѝ дозволат на вашата компанија да се насочи кон повеќе региони и пазари.

Ние во GSI Translations го разбираме значењето на роковите и ризиците кои се поврзуваат со автомобилската индустрија. Исто така, ние имаме солидни извори и глобална мрежа за поддршка, затоа што сите наши преведувачи се квалификувани професионалци со најмалку петгодишно искуство во преведување на терминологија од областа, и тие можат да испорачаат првокласни преводи од областа на автомобилската индустрија, инженерингот и авијацијата.

  • Технички упатства
  • Каталози за делови
  • Упатства за обука
  • Материјали за маркетинг
  • Финансиски документи и извештаи

Доколку ви се потребни повеќе информации за тоа како можеме да ви помогнеме со преводи од областа на автомобилската индустрија, слободно можете да нé контактирате.

Доверливост

Сите лингвисти – вработени или хонорарни – мораат да потпишат договор за доверливост за да се осигура усогласеност на сите преводи со јасната политика на доверливост. Клиентите се враќаат во GSI не само заради точноста на преводите, туку и заради професионалноста и интегритетот на целиот процес на управување со квалитетот.

Наши клиенти се: