Превод од/на руски јазик
Постојаното присуство на Русија на светската сцена и можностите за бизнис што постојат на руските пазари продолжуваат да создаваат голема побарувачка на стручни руски преведувачки услуги.
Како и многу други јазици што не ја користат латинската азбука, руските јазици и дијалекти преставуваат голем предизвик, сепак точната комуникација е од витално значење за градење на силни деловни врски. Рускиот тим на GSI Translations обезбедува комуникациски мост помеѓу страните кои сакаат меѓусебно да соработуваат.
GSI Translations користи исклучиво искусни преведувачи со одлично познавање на рускиот и англискиот јазик. На клиентите им обезбедуваме судски превод, информации за преведувачот, дури и нотарска заверка на преводот.
Превод на руски правни документи
Нашите правни преведувачи имаат најмалку десетгодишно искуство во правната област и ја комбинираат оваа стручност со мајчиниот јазик за да обезбедат точен превод на правни документи и придружни материјали. Повеќе за нашите правни преведувачи.
Руски финансиски извештаи и документи
Често како поддршка или како дел од проект за правен превод, нашиот финансиски тим е стручен во областа на сметководството и финансиите и се грижи секојпат да добиете точен финансиски превод од или на руски јазик. Дознајте повеќе за нашите услуги за финансиски превод.
Руски јазик
Географски најраспространет јазик во Евроазија и најупотребуван од словенските јазици. Исто така е мајчин јазик на најголем број луѓе во Европа, со 144 милиони родени говорници во Русија, Украина и Белорусија. Рускиот јазик е осми најупотребуван јазик во светот според бројот на родени говорници и седми според вкупниот број на говорници. Рускиот јазик е еден од шесте официјални јазици на Обединетите Нации.
Како можеме да помогнеме?
Нашиот стручен тим за превод од/на руски јазик ви стои на располагање, независно од вашите барања. Контактирајте нé директно во нашите канцеларии во Лондон, Скопје или Букурешт, или побарајте онлајн понуда.