GSI Translations е регистрирана компанија на GSI Associates Ltd. Оваа политика на приватност го утврдува начинот на кој GSI Translations ги користи и штити сите ваши информации и лични податоци кои ги давате со користењето на оваа веб-страница.

GSI Translations обезбедува заштита на вашата приватност. Доколку при користењето на веб-страницата, од вас се побараат одредени информации и/или лични податоци, тие ќе бидат користени само во согласност со оваа изјава за приватност.

 

  1. Кој е одговорен за обработка на вашите податоци и со кого може да контактирате?

Одговорен за обработка на податоците:

GSI ASSOCIATES Ltd.

London, Longcroft House,

2-8 Victoria Avenue

London EC2M 4NS

Регистарски број: 09283980

Тел.: +44 (0)20 3151 6848

Факс: +44 (0)20 3002 4661

За сите прашања и информации, контактирајте со лицето одговорно за заштита на податоците:

Раду Иримие – адвокат

Email:  radu.irimie@gsiassociates.com

  1. Која е целта и правната основа за обработка на податоците?

Ние ги обработуваме вашите лични податоци во согласност со законските одредби:

  • За извршување на договор или преземање на чекори пред да се склучи договор

Кога го користите формуларот на нашата веб-страница за да добиете понуда, ние ги обработуваме следните лични податоци: име, презиме, адреса, поштенски број, email адреса, телефонски број, компанијата што ја претставувате.

Ако одберете да се регистрирате во нашата база на податоци со користење на формуларот на  http://translators.gsitranslations.com/register, ние ги обработуваме сите лични податоци што нѝ ги давате преку соодветната платформа, со единствена цел да ја процениме можноста за склучување договор со вас врз основа на проектите во кои сме вклучени.

Откако ќе склучиме договор, ги обработуваме следните лични податоци: име, презиме, поштенска адреса, за издавање и/или плаќање фактури за соодветните услуги:

  • За заштита на нашите легитимни интереси:

По урамнотежување на интересите,  можеме да ги обработиме вашите податоци и над степенот потребен за извршување на договорот со цел да го заштитиме нашиот или легитимниот интерес на трето лице. Обработка на податоци со цел заштита на легитимните интереси се врши во следните случаи:

– мерки за управување со бизнисот во рамки на нашата групација,

– водење база на податоци за клиентите со цел подобрување на услугите за клиенти,

– мерки кои се преземаат за заштита од незаконски дејствија или повреди на договорот,

– во текот на судските постапки.

Доколку ја користите веб-страницата за да контактирате со нас, ние ќе ги обработиме следните податоци: вашето име, презиме, адреса, телефонски број, email, за да одговориме на сите прашања во врска со нашите услуги.

  • Врз основа на вашата согласност:  

Можете да се претплатите на нашиот билтен преку нашата веб-страница. Можете да ја повлечете согласноста со откажување на претплатата на билтенот на GSI Translations во секое време преку директен линк во самиот билтен. За да ја откажете претплатата, исто така може да испратите email на ermin.klimenta@gsiassociates.com и ние веднаш ќе ги избришеме вашите податоци од нашата листа на приматели на билтенот.

 

  1. Кој ги прима вашите податоци?

Вашите лични податоци може да бидат пренесени во нашите канцеларии во Скопје (Република Македонија) или Бангкок (Тајланд). За пренос на податоци надвор од ЕУ, ги спроведуваме сите заштитни мерки за обработката да се изврши во согласност со регулативата за заштита на податоци.

Податоците ќе се обработат и користат во онаа мерка колку што е неопходно за извршување на нашите договорни обврски. Во одредени случаи, можеби ќе биде потребно вашите податоци да се пренесат на трети лица (на пр. на нашите консултанти, правни советници, обработувачи на збирки на лични податоци) за да се постигнат гореспоменатите цели.

И во случај да ангажираме обработувач на збирка на лични податоци, сепак и понатаму остануваме одговорни за заштита на вашите податоци. Сите ангажирани обработувачи се под договорна обврска да се грижат за доверливоста на вашите податоци и да ги обработат истите во рамки на извршувањето на услугите. Ангажираните обработувачи ќе ги добијат вашите податоци само доколку тие се неопходни за обезбедување на соодветните услуги.

Покрај тоа, може да бидеме законски обврзани да ги откриеме вашите податоци ако тоа е неопходно за основање, извршување или одбрана на правните барања на клиентот пред законските органи.

 

  1. Колку долго ќе се чуваат вашите податоци?
  • Ако го користите формуларот за контакт на нашата веб-страница за да нѝ ги испратите вашите лични податоци, тие ќе се чуваат до 5 години по обработката на вашето барање, освен ако не е поинаку утврдено со закон.
  • Податоците што нѝ ги испраќате за да добивате вести во врска со преводите ќе бидат зачувани додека не ја откажете дозволата за чување. Можете да ја откажете претплатата за билтенот директно преку линк кој се наоѓа во секој билтен.
  • Сите лични податоци дадени за склучување на договор и/или издавање на фактури ќе се чуваат уште 5 години по прекинот на договорот или датумот на издавање.

 

  1. Кои се вашите права за заштита на податоците?

Според регулативата за заштита на податоци, вие имате право на информации, право на пристап до лични податоци, право на исправка, бришење или ограничување на обработката на вашите сочувани податоци, право на приговор на обработката на вашите податоци и право на преносливост на податоци.

Исто така, имате право да поднесете жалба до Канцеларијата на комесарот за информации – адреса: Wycliffe House, Water Lane, Wilmslow, Cheshire, SK9 5AF, телефон: 0303 123 1113,  registration@ico.org.uk или до било кој државен надзорен орган во рамките на ЕУ.

Ако сметате дека ги обработуваме вашите податоци спротивно на законите за заштита на податоци, ве молиме да нѐ контактирате на radu.irimie@gsiassociates.com доколку имате било какви прашања.

Во случај да не сме сигурни, може да побараме дополнителни информации за да го потврдиме вашиот идентитет, а со цел заштита на вашите права и вашата приватност.

 

  1. Дали сте обврзани да дадете податоци?

Доколку обработката на вашите податоци е неопходна за склучување на договор со нас и за негово  извршување, во случај да не ги дадете податоците, ние по правило ќе бидеме принудени да одбиеме да го склучиме договорот или да го спроведеме налогот, или нема да бидеме во можност да продолжиме со извршување на постојниот договор и како последица на тоа ќе бидеме принудени да го раскинеме договорот. Меѓутоа, вие не сте обврзани да дадете согласност за обработка на податоците што не се релевантни за извршување на договорот или не се бараат со закон.

 

  1. Колачиња и алатки за следење

Колачиња

Нашата веб-страница користи таканаречени „колачиња“. Тоа се мали текстуални датотеки кои се чуваат на вашиот уред со помош на пребарувачот. Ние користиме колачиња со цел нашите услуги да бидат поедноставни за корисниците. Некои колачиња остануваат зачувани на вашиот уред и по напуштањето на веб-страницата сѐ додека не ги избришете. Тие нѝ овозможуваат да го препознаеме пребарувачот при вашата следна посета.

Доколку не се сложите со користење на колачиња, можете да го наместите вашиот пребарувач да ве извести секогаш кога треба да се постават колачиња и да се сложите со користење на колачињата само кога вие ќе одлучите. Потребните поставки се разликуваат зависно од пребарувачот и уредот и обично може да се најдат во „Поддршка“ на уредот или пребарувачот. Деактивирањето на колачињата може да ја ограничи функционалноста на нашата веб-страница.

Алатки за следење и користење на Google  Analytics

Алатките за анализа на нашата веб-страница се користат за собирање на општи информации за шемите на користење на посетителите. Тоа опфаќа, на пример, прегледани страници, време на преглед, поврзани страници и општи информации за вашиот компјутерски систем, како што се вашиот оперативен систем, резолуција на екранот, користен пребарувач, итн. Сите собрани податоци се чуваат анонимно и не можат лично да ви се припишат. Ако не се согласувате со ова анонимно откривање на вашите шеми на користење, можете да го спречите тоа со деактивирање на колачињата на вашиот пребарувач.

Оваа интернет страница исто така користи Google Analytics, услуга за анализа на интернет обезбедена од Google. Google Analytics користи колачиња кои овозможуваат анализа на вашето користење на веб-страницата.

Информациите генерирани од колачињата во врска со користењето на оваа веб-страница (вклучувајќи ја вашата IP адреса) ќе бидат пренесени и складирани на сервер на Google во САД.  Google ќе ги користи овие информации за проценка на вашето користење на веб-страницата, за составување извештаи за активностите на веб-страницата и за обезбедување други услуги поврзани со користењето на веб-страницата и на интернетот.
Google исто така може да ги пренесе овие информации на трети лица доколку тоа законот го бара или доколку овие податоци ги обработуваат трети лица во име на Google. Можете да спречите инсталирање на колачиња со менување на соодветните поставки во софтверот на вашиот пребарувач, но треба да имате на ум дека во тој случај можеби нема да можете целосно да ги користите сите функции кои ги нуди нашата веб-страница. Со користење на оваа веб-страница, се согласувате со обработка на вашите податоци собрани од Google на начинот и за целите наведени погоре.

Ве информираме дека оваа веб-страница користи Google Analytics само во комбинација со додаток за деактивирање “_anonymizeIp()”. Вашата IP адреса нема да биде целосно зачувана. Со тоа се исклучува идентификација на IP адресата на корисникот на веб-страницата од страна на Google Analytics.

Ако не се согласувате со тоа, можете да инсталирате додаток на пребарувачот за деактивирање на Google Analytics (http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de). Со тоа се известува Google Analytics дека ниту една информација за вашето користење на веб-страницата не смее да се пренесе на Google Analytics. Ние нема да користиме алатки за следење за да собираме ваши лични податоци:

  • без ваша дозвола, или
  • за да пренесуваме такви податоци до провајдери и маркетинг платформи на трети лица или
  • за да ги поврзуваме податоците со вашите лични податоци (име, адреса, итн.).

 

  1. Споделување преку социјалните мрежи

Ние не користиме приклучоци за споделување на социјалните мрежи, поставуваме само текстуални или графички линкови кои не пренесуваат податоци до социјалните мрежи како што се IP адреса, користен пребарувач, резолуција на екранот, прегледани веб-страници, датум и време.

Тие линкови изгледаат вака: https://www.facebook.com/gsitranslation

Ако кликнете на линкот за споделување содржини на социјалните мрежи додека сте најавени на вашата сметка на социјалната мрежа, можете да ја споделите содржината на нашите страници на вашиот профил. Ова ѝ овозможува на социјалната мрежа да ја означи вашата посета на веб-страницата на вашата корисничка сметка. Имајте на ум дека како носител на веб-страницата, ние не сме информирани ниту за содржината на пренесените податоци, ниту за нивната употреба од страна на социјалната мрежа.