Vorbești română?

ПРЕВОД ОД И НА РОМАНСКИ ЈАЗИК

Нашиот докажан тим од Романија пред сé работи во областа на правото, фармацијата и интернет игрите. Ние сме горди на нашето реноме како стручни лингвисти во овие и други области.

Наши преведувачи

Ние вработуваме строго проверени експерти за одредени области, со докажано искуство во дадената област. Нашите посветени тимови во областа на правото, медицината, финансиите и интернет игрите го владеат не само романскиот јазик, туку и жаргонот карактеристичен за одредена област кој наложува нијансирано и локализирано толкување, надвор од границите на директното преведување.

Ние можеме да преведуваме романски јазик на и од повеќе 100 различни јазици – иако нашата најзастапена комбинација од јазици е романски-англиски и обратно.

Преводи од областа на правото од и на романски јазик

Нашите правни експерти можат да преведуваат деловна и правна документација на и од англиски јазик.

Од нашиот тим за деловни услуги најчесто се бараат преводи на документи потребни за основање на романски компании, особено за основање на SRL (друштва со ограничена одговорност). Ние формално можеме да преведуваме документација за статути на компании, изјави под заклетва и потписи за поединечни акционери, како и документи за регистрација на странски компании и фискални записи.

Исто така, ние имаме искуство во преведување на следната документација потребна за:

  • “Filiala”, основање на филијала.
  • “Sucursala”, основање на подружница, вклучувајќи превод на странски сметководствени документи на романски јазик.
  • “Reprezentanta”, основање на претставништво.
  • И уште многу други видови на комерцијални правни документи.

Нашиот тим на постојани и хонорарни преведувачи може да ви помогне со следното:

  • Превод на потребната документација за продажба на имот
  • Нотарски заверени преводи на венчаници и апостили
  • Нотарски заверени преводи на патни исправи
  • И многу други граѓански документи за регистрација

Дополнителни услуги

Обезбедуваме:

  • Превод на романски документи
  • Транскрипција на видео и аудио документација
  • Локализација на преведен материјал за да се обезбеди нијансирано толкување
  • Коректура на документи преведени од и на романски и друг јазик

Ние секогаш постигнуваме одлични резултати. Исто така, за поддршка на нашите деловни клиенти, ние нудиме десктоп издаваштво, дигитално сложување на букви, и изглед на секој преведен материјал пред негово печатење.

Нашата канцеларија во Букурешт

Во нашата канцеларија во Букурешт, GSI Translations има силен тим од говорници на роден романски јазик. Бидејќи тие владеат и со голем број на други јазици, ние веруваме дека нашата централна локација во главниот град на Романија нѝдава предност пред конкурентите, овозможувајќи нѝ да ги вработуваме најдобрите достапни експерти, и да се фокусираме на нашата секундарна стручност во областа на медицината, правото и интернет игрите.

Можете да го побарате нашиот романски тим директно во нашата канцеларија во Букурешт:
GSI Translations
Str. Buzesti, nr.50-52, etaj 11, modul 77,
District 1, 011015
Bucharest, Romania
Tel.: +40 37 378 1837
Fax: +40 21 302 11 30

Или, јавете се во нашата главна канцеларија во Лондон.

Нашиот експертски тим во Романија ви стои на располагање за секое ваше барање.