Нашите услуги за превод од областа на правото
GSI Translations знае дека прецизноста и деталноста се од клучно значење во правните преводи, каде двосмислените преводи или лошото толкување на правните документи може да предизвика големи проблеми.
GSI работи само со преведувачи кои се квалификувани во областа на правото или имаат најмалку десетгодишно работно искуство во правната област.
Благодарение на оваа комбинација на квалификуваност и искуство, секој од преведувачите може да направи превод кој ќе ја отслика терминологијата, изразите и синтаксата кои обично се користат во правниот сектор.
Точноста е од суштинско значење во правните преводи и нашите преведувачи работат според прецизни стандарди, без простор за грешки или двосмисленост. Ја разбираме важноста на крајните рокови кои се однесуваат на закажани рочишта и општи судски постапки, и можеме да обезбедиме брз рок на испорака на преводите, и покрај комплексноста на некои документи.
Доверливост
Сите лингвисти, без разлика дали се вработени кај нас или се хонорарно ангажирани, мора да потпишат договор за доверливост за да бидеме сигурни дека сите преводи се во согласност со нашата строга политика за доверливост. Клиентите се враќаат во GSI не само поради точноста на преводот, туку и поради професионализмот и интегритетот на целокупниот процес на управување со квалитетот на документите.
Нудиме преведувачки услуги за широк спектар на документи, вклучувајќи:
- Прописи и директиви;
- Регистрирани заштитни знаци;
- Судски извештаи;
- Документи за парнични постапки;
- Изјави под заклетва;
- Тендери;
- Услови;
- Правни одрекувања;
- Извештаи за несреќи;
- Договори и спогодби (како акционерски договори, договори за доверливост на податоци)
Иследници од Обединетото Кралство
GSI Translations има формирано специјалистички тим од иследници (форензичка единица), во кој нашите правни и медицински лингвисти работат заедно за да се обезбеди точен превод на странска документација во врска со смртни случаи на британски државјани во странство.
Тим за правни преводи
Нашиот постојан и хонорарен тим го сочинуваат искусни и квалификувани правни преведувачи кои имаат најмалку 5-годишно искуство во овие области. Многумина од нив имаат директно работно искуство како адвокати, судски службеници, правни секретари или полициски службеници.
Често работиме на обемни проекти кои подразбираат соработка помеѓу нашите правни и финансиски преведувачи. Со секој тим квалификуван во својата област и јазици, испорачуваме прецизни преводи по мерка на вашите индивидуални потреби. .
Јазици
Обезбедуваме повеќе од 100 јазични комбинации од нашите четири канцеларии во Лондон, Скопје, Букурешт и Бангкок. Сите наши преведувачи работат на својот мајчин јазик за да се обезбеди темелно разбирање на нијансите и дијалектите на секој од јазиците.
Во 2015 година, на GSI Translations беше награден со престижен 4-годишен договор со Одделот за преводи на ЕУ во Луксембург, за обезбедување на правни преводи од француски на англиски јазик.